во , ,

Приказната за малата суперхероина Софија што ја победи леукемијата

Приказната за малата суперхероина Софија што ја победи леукемијата

Софија е вистинска суперхероина, која на само 3-годишна возраст ја извојува најголемата битка во животот.

По месеци исполнети со храброст, солзи, нежност и неизмерна сила, пред еден месец малата Софи извојува победа која ќе се памети. Облечена во костим, со блесок во очите и поддршка од мајка ѝ Кристина, таа со гордост го заѕвони ѕвончето на Детската клиника во Скопје.

Реклама

Случајно откриена болест и 9 месеци тешка борба

Нејзината мајка Кристина за Femina.mk раскажа како случајно ја откриле болеста. „Борбата на Софија со леукемија започна во септември минатата година, кога имаше само 2 и пол години,“ вели таа. Сосема случајно, бидејќи имала висока температура, ја однеле на контролна крвна слика, мислејќи дека е настинка.

„Наредниот ден на Детска клиника леукоцитите беа уште повисоки, па веднаш нè хоспитализираа и за два дена ни ја соопштија дијагнозата,“ раскажува мајката. Лекувањето траело 9 месеци, а поголемиот дел го поминале во изолација на хемато-онколошкиот оддел, без можност за посети.

„Нема појака мајка од мајка на дете кое прима хемотерапии“

Кристина вели дека најтешки биле деновите кога ги пропуштале семејните прослави и празници. Сепак, таа е бескрајно благодарна на целиот персонал на Детската клиника кој правел сè за да заборават каде се наоѓаат. Гледајќи ги пожртвуваните мајки таму, Кристина констатира дека „нема појака мајка од мајка на дете кое прима хемотерапии“.

Таа им порачува на сите кои се во иста ситуација да бидат храбри, истрајни и упорни. „Мојата суперхеројка успеа и го победи канцерот. Отсега ѝ посакувам само безгрижно детство,“ порача таа. „Искрено се надевам дека сите дечиња на одделот ќе си имаат свој ваков момент.“

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Апел за помош на трите сестрички од кои едната беше жртва на брутално насилство од таткото

Голем пресврт на политичката сцена: Партијата на пензионерите го напушта СДСМ и на локалните избори ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ