во , , ,

Природно чудо на крајот од светот: Нереално убави пештери кои вреди да се посетат еднаш во животот

Иако веруваме дека шареното Чиле со својата моќна природа и богата култура не треба дополнително туристички да се рекламира, сепак не можеме да не ги споделиме сцените од Патагонија со оние кои сѐ уште немале можност да ги видат.

Мермерните пештери во Чиле (Capillas de Marmol) се вистинско природно чудо, скриено прилично во изолиран дел од земјата.

Се наоѓаат во регионот Патагонија, најјужниот дел од Јужна Америка и дел се од езерото General Carrera. Сместени се далеку од улиците, па пристапот до нив е возможен само со бродови.

Реклама

Без грижа, додека стигнете до оваа дестинација, вртоглавиот пат низ Патагонија веќе психички ќе ве подготви на лошата логистика.

Но, еднаш кога ќе стигнете ќе сфатите зошто вреди да го направите тоа.

Нереално убавите карпи изгледаат како сликарско ремек-дело, а уште повеќе восхитувачки е фактот што настанале по природен пат, формации кои траеле повеќе од 6.000 години. Тие се формирани во чист мермер, а бојата на карпите варира од тиркизна и црна до зелена и жолта.

Како што е спомнато, карпите се дел од езерото General Carrera во јужниот дел на Чиле. Тоа воедно е најголемото езеро во Чиле кое зафаќа и дел од територијата на соседна Аргентина.

За посета на карпите главно се оди во раните утрински часови кога водата е најмирна и најтиркизна поради дневната светлина, а со себе потребно е да си понесете и топла облека. На бикинито веднаш може да заборавите поради тоа што таму водата е прилично ладна.

Обиколување на карпите е возможно само со чамец или кајак, а возењето низ овие тунели трае околу два часа.


Супер Акција: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова се најдобрите 10 бесплатни туристички атракции во светот

15 Најжешки парови кои го украдоа шоуто на Мет Гала 2024 година