
Новите осомничени се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Досега, постапката за овој меѓународен шверц се водеше против вкупно 12 лица – шестмина од Македонија и шестмина од Србија, кои беа уапсени во февруари оваа година.
Легална фирма како параван за криминал
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Според информациите од истрагата, групата како параван го користела правно лице во Скопје кое поседувало официјално одобрение за одгледување канабис за медицински цели и дозвола за производство на екстракти од канабис. Овој параван им овозможил во најмалку пет случаи успешно да транспортираат марихуана за препродажба во Србија и други земји.
„Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од стоката, а на нејзино место се ставале кутии со марихуана со тежина приближно еднаква на извадената стока. Марихуаната била прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани“, соопштија од ОЈО ГОКК.
Потоа товарното возило се упатувало кон Граничниот премин Табановце, при што за цело време било следено и обезбедувано од некој од осомничените со патничко возило.
Запленети пет тони и први затворски казни
Во рамки на оваа акција, полицијата во соседна Србија успеа да заплени неверојатни над пет тони марихуана. Судскиот епилог за дел од криминалната група веќе започна.
- Пред една недела, Основниот кривичен суд Скопје донесе две пресуди врз основа на предлог-спогодби.
- Двајца од осомничените целосно го признале делото.
- Изречени им се затворски казни во траење од три години и шест месеци, односно три години и осум месеци.


