во ,

„Реплек“ со одлични резултати: Приход од 16,4 милиони евра и раст на извозот од 18 отсто

Зголемена продажба на лекови за 22 насто бележи компанијата „Реплек“ во сегментот фармација.

Во првата половина од годинава, на домашниот и на странските пазари е остварен вкупен приход од 16,4 милиони евра. „Ова е десетти квартал по ред со позитивен тренд на раст,“ нагласуваат од фармацевтската компанија.

Десетти квартал по ред со позитивен тренд на раст

Прометот со лекови на домашниот пазар резултирал со 3,9 милиони евра. Тоа, во однос на истиот лански период, претставува зголемување од дури 34 проценти. Од извозот, пак, се инкасирани 12,5 милиони евра. Тоа значи дека на меѓународните пазари има годишен раст од 18 насто.

Реклама

„Реплек АД продолжува со доследно спроведување на стратегијата за балансирана географска распределба на продажбата. Структурата на приходи е 75 проценти извоз и 25 проценти домашен пазар,“ посочуваат од компанијата.

Нови производи, нови пазари и нова голема инвестиција

Во првите шест месеци од годинава, на пазарот се појавиле и пет нови производи на Реплек. Компанијата воедно и делува на своето регионално проширување. Во јануари било отворено ново претставништво во Босна и Херцеговина. Постојното претставништво во Србија со првите продажби почнало овој месец.

Пред неколку дена, Реплек пушти во употреба и нов производствен блок. Инвестицијата од два милиони евра овозможува зголемување на вкупниот капацитет за пакување за 25 проценти. Исто така, од компанијата најавуваат дека е во завршна фаза и имплементацијата на С-А-П ЕРП системот. Тоа ќе обезбеди повисоко ниво на автоматизација и транспарентност во работењето.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прогноза: Уште два дена со температури над 40 степени, од среда конечно освежување

Орце Ѓорѓиевски: Од претседател на Унијата на млади сили до кандидат за татко на главниот град