
Кардиологот и пасиониран планинар Сашко Кедев го искачи врвот Шишапангма, висок 8.027 метри, кој целосно се наоѓа во Тибет. Ова е 12. врв повисок од 8.000 метри што Кедев досега го има освоено и му остануваат уште два за да ја заокружи листата.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Како што објави организаторот на турата „Имеџин Непал“, Кедев бил дел од меѓународна група планинари која утрово се искачила на Шишапангма. Во екипата имало и седуммина Непалци, Американец, Јапонец и Пакистанец.
Пред Шишапангма, Кедев оваа година ги искачи и Макалу, Лоце и Гашербрум 2, па му остануваат само уште Кангченѕунга (8.586 метри) и Гашербрум 1 (8.068) за да го комплетира подвигот.


