„На македонскиот јазик му се заканува бришење од Извештајот на Европскиот парламент.“
„Доколку тоа се случи, ќе има само еден виновник – Христијан Мицкоски. Никој друг,“ изјави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа упати серија сериозни обвинувања кон премиерот и неговата политика.
„Свесно ја отвори веќе затворената дебата“
Според неа, Мицкоски свесно ја отворил веќе затворената дебата за македонскиот јазик во ЕУ. Со тоа, како што рече, тој директно го загрозил она што еднаш било постигнато. А тоа е признавањето на македонскиот јазик како единствен и автентичен.
„Ова не е грешка. Ова е намерен, политички пресметан чекор,“ рече таа. „Со кој Мицкоски, воден од теснопартиски интереси и слугување на туѓи држави, повторно ја доведе државата во понижувачка ситуација.“
„Координирана акција со пријателот Андреј Ковачев“
„Мицкоски не може да впери прст кон никого за поразот што Македонија повторно го доживува во Брисел,“ истакна Кузеска. „Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев се виновни за ова.“
„Неговата координирана акција со Андреј Ковачев и европратениците од ЕПП резултираше со тоа што денес повторно ни се оспоруваат јазикот и идентитетот. Повторно нè вратија таму каде што веќе бевме поминале,“ додаде таа.
„Ние обезбедивме чист јазик, тој не работи за Македонија“
Таа потсети дека СДСМ, преку договорот за ФРОНТЕКС и Преговарачката рамка, ја извојувал најчистата победа за македонскиот јазик. „Договорот за Фронтекс е документ потпишан на чист македонски јазик, без фусноти, без придавки, без ѕвездички,“ рече таа.
„Но наместо да ја поддржи таа победа, Мицкоски не работи за Македонија.“ На крајот, Кузеска побара од Мицкоски веднаш да се извини пред македонскиот народ. И да сноси политичка одговорност за, како што рече, тоа што го избришал македонскиот јазик.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден