
Историска средба во Ватикан… По речиси половина милениум, колку што веќе трае расколот меѓу Англиканската и Римокатоличката црква, во Сикстинската капела се одржа заедничка богослужба на која присуствуваа британскиот крал Чарлс и папата Лав.
Во кратка државна посета на Светата столица престојува и кралицата Камила, која за оваа посебна церемонија избра едноставна креација со целосно почитување на протоколот.
Само седум жени смеат да носат бело пред папата
Само седум жени во светот имаат право да носат бело во присуство на папата. Станува збор за највисоките претставнички на земјите во кои монархијата и католицизмот играат голема улога. Со оглед на тоа што беше врховен поглавар на Англиканската црква, кралицата Елизабета не беше меѓу привилегираните дами, па при нејзината прва посета на Ватикан во 1961 година, носеше црна креација и долг превез. Во истата боја пред папата Лав XIV денес се појави и кралицата Камила.
Елизабета, меѓутоа, не се молеше јавно со поглаварот на католичката црква. Кралот Чарлс, пак, повлече историски потег појавувајќи се на заедничката богослужба на двете цркви во Сикстинската капела.
Почит кон покојната свекрва
Неговата сопруга се држеше до традицијата и во целост го испочитува кодексот на облекување, нагласуваат медиумите, фалејќи ја свилената црна креација од дизајнерката Фиона Клер, како и интересниот превез. Таа дискретно ѝ оддаде почит и на покојната кралица Елизабета, носејќи елегантен брош во облик на крст.
Ватиканските правила се јасни: црн фустан со долги ракави, превез кој го покрива лицето, без деколте и без откриени нозе. Црнината во овој случај симболизира скромност и почит. Контрастот е чистата бела боја, која во присуство на папата можат да ја носат само одредени католички кралици и принцези. Во овој момент тоа се кралицата Летиција од Шпанија, принцезата Шарлин од Монако, кралицата Матилда од Белгија, големата војвотка Марија Тереза од Луксембург, принцезата Марина од Неапол, како и кралиците Софија од Шпанија и Паола од Белгија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







