
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево, кој со денови ги крадел парите од најблиското семејство.
Момчето се соочува со сериозна пријава откако било откриено дека прво зел пари од паричникот на неговата баба, а потоа ја злоупотребил и платежната картичка на неговата мајка.
Повеќе од само кражба – делото е „хакирање“
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Според официјалното соопштение од полицијата, малолетникот се сомничи дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Истрагата утврдила дека тој на 8 јули 2025 година, најпрво одзел парични средства од паричникот на неговата баба.
Два дена подоцна, драмата продолжила кога тој ја зел платежната картичка на неговата мајка. На 10 и 11 јули, малолетникот во два наврати отишол на банкомат и подигнал дополнителни парични средства од нејзината сметка.


