Новата епизода на „Нешто Конкретно“ донесе интересни и провокативни моменти. Гостинка во студиото беше и една кукла. Таа беше симбол на молк, протест или можеби бесрамност?
Гости и тема на дебата
Кога гостин е Сергеј Варошлија, сè е можно. Покрај него, во студиото беа и најпопуларниот јутубер Стефан Лазаров. Дел од дебатата беше и барменот Вања Головски. Заедно со водителката Снеже Велков, тие отворија важна тема. Дебатираа каде исчезна срамот и што значи да се има образ денес.
„Дали сме нормални што седиме со кукла во студио?“, праша водителката. Сергеј одговори дека во времето на татко му (во Советот за радиодифузија) тоа би поминало. „Ама пред него, ќе не цензурираа“, додаде тој.
Клучни моменти од разговорот
Темата брзо се префрли на општата култура и медиумите. „Тој што нема општа култура секогаш најмногу доаѓа до израз“, коментираше Лазаров. Се отвори и дилемата дали денес е културно да се биде гласен.
„Сергеј е културно некултурен во критиките“, искоментира Вања со доза иронија. „Бидејќи за некои луѓе, ништо друго не допира.“ Стефан Лазаров искрено проговори и за личните предизвици. „Јас сум мега урочен – толку лоши работи никому не му се случиле“, рече тој, мислејќи на судски процеси и загуби.
Образ или гледаност?
Се отвори и темата за сензационализмот и гледаноста. „Ако сакаш да бидеш најгледана – однесувај се како Јована Јеремиќ“, ѝ предложи Лазаров на Снеже. „Срам ми е“, одговори таа. Прашањето остана: Дали вреди да се биде нормален кога непристојноста носи пари?
„Технологијата оди напред, ама ние како луѓе целосно се уназадуваме“, беше дециден Сергеј. Потоа, во свој стил, му дофрли на Лазаров. „Ај да водиш подкаст во гаќи – уште повеќе ќе те гледаат.“
„Земете ми сè – само образот не!“, возврати Лазаров. Токму тука беше и суштината на епизодата. Дали образот денес вреди нешто?
На крај, Варошлија даде и стилски совет преку метафора. „Ако носите тенеќе накит – ќе мирисате на клучеви. На паричка. На кусур. На ситно.“
Целата епизода „Каде исчезна срамот?“ од „Нешто Конкретно“ е достапна на Јутјуб.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден