во

СИМБОЛИЧНО ПОКЛОПУВАЊЕ: На „Богородица“ за празникот настакна сообраќаен метеж и долги колони возила кон морето!

Симболично, токму на празникот Богородица, граничниот премин Богородица се соочи со значително зголемена фреквенција и долги колони возила кои уште од раните утрински часови се упатија кон Грција.

Според најновите информации од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), интензивен сообраќај е забележан и на преминот Табановце. Во моментов, времето на чекање за влез во државата кај Табановце изнесува околу 20 до 30 минути, додека задржувањето за излез кон грчкото крајбрежје на Богородица се движи меѓу 15 и 30 минути, со тенденција на постојана промена.

Смена на туристи и препораки за возачите

Супер Попуст -25%

Зголемениот метеж е резултат на традиционалната смена на туристите во периодот кон крајот на август и масовното патување за празничниот викенд. На останатите гранични премини нема поголеми задржувања, но сообраќајот надвор од градските средини е со зголемен интензитет.

„Возачите кои денеска патуваат се советуваат пред тргнувањето редовно да ја проверуваат актуелната состојба на граничните премини поради брзите промени во протокот на возила.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најсреќниот ден во неделата за секој знак од 31 август до 6 септември: Пристигнува голема прилика

ТРАГЕДИЈА ВО НОРВЕШКА: Почина кралот Харалд V на 89-годишна возраст! Омилениот „дедо на нацијата“ ја напушти сценaта: Кралската палата објави дека кралот починал мирно во Националната болница.