во

СИТЕ ЗАСТАНАА ПРОТИВ ЃОКОВИЌ: „Ова е бесмислица, Новак сака промени затоа што старее!“

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, деновиве е во центарот на вниманието не само поради настапот на Мастерсот во Синсинати, туку пред сè поради неговата контроверзна идеја за радикални реформи во тениските правила кои наидоа на жесток отпор.

Ѓоковиќ смета дека е потребна поголема популаризација на спортот преку намалување на времето на траење на сетот. Неговиот револуционерен предлог вклучува сетот да се игра само до четири добиени гема, а при резултат 40:40 да нема предност, туку да се игра одлучувачки поен. Според Србинот, оваа идеја би донела поатрактивен тенис, при што сите мечеви би се играле во три добиени сета.

„Бесмислица и разочарување“ – Кафелников и Фонсека без пардон

Супер Попуст -25%

Сепак, сè поголем е бројот на оние кои се категорично против оваа идеја. Последен во низата кој застана против Ѓоковиќ е легендарниот руски тенисер Евгениј Кафелников.

„Ова е бесмислица. Бесмислица која не може ни да ја замислите. Ако тоа се случи, ќе биде целосно разочарување за тенисот,“ изјави револтираниот Кафелников.

Претходно, еден од најжестоките критичари беше младиот Бразилец Жоао Фонсека, кој неодамна го сврте вниманието на светската тениска јавност. Тој низ насмевка прокоментира дека ваквиот предлог доаѓа поради „физичката состојба и стареењето на Новак“, потенцирајќи дека историјата на тенисот почива на традиционалниот формат со сетови до шест гема.

Бенето: Дали фудбалот треба да се скрати на 10 минути?

Поранешниот француски тенисер Жулиен Бенето исто така беше немилосрден во критиките кон српскиот ас, согласувајќи се со Кафелников дека предлогот е апсолутно бесмислен.

„Свесен сум дека понекогаш луѓето ги сметаат првите неколку натпревари за здодевни и дека би сакале веднаш да има напнатост. Но, дали ова значи дека фудбалот треба да се скрати на десет минути? Или дека Тур де Франс веднаш треба да има последно искачување од 15 километри, без претходните 150? Тениските натпревари треба да имаат и драма пред финалето. Дали навистина сакаме сетови од 15 минути?“, заклучи Бенето во својата реакција.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ОЛЕСНУВАЊЕ ВО МИНХЕН: Џамал Мусиала е добро откако колабираше на теренот!

ЦРН БИЛАНС ЗА РУСИЈА: Потврден идентитетот на над 239.000 загинати руски војници во Украина.