
Фотографиите кои ја згрозија јавноста попладнево ги објави Тони Чаловски на својот фејсбук-профил. На нив јасно се гледа како несовесни лица се качуваат на кулата од делумно потопениот храм, третирајќи го како реквизит за забава на плажа.
Непочитување на духовното и културното наследство
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Чаловски во својата објава тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат организирано со комбиња и веднаш се упатуваат кон објектот на храмот. Тој посочува дека тие се „облечени несоодветно за црковен и свет простор“, и покрај тоа што се работи за објект кој има огромно значење.
„Ова место претставува свет и духовен простор, а истовремено е и значаен дел од културното и туристичкото наследство на Маврово. Ваквото однесување е крајно непочитување кон објектот,“ предупредува тој.
Апел за итна реакција од институциите
Преку својата објава, Чаловски директно ги повика надлежните институции веднаш да интервенираат и да воведат ред околу заштитата на овој симбол на Маврово.
Тој потенцира дека целта на објавувањето на овие фотографии не е да се навредат туристите, туку јавно да се алармираат институциите за да се спречи понатамошно сквернавење и уништување на црквата „Св. Никола“.


