
Скандал на Јахорина: Откажан концертот на Аца Лукас поради фотографија со Насер Ориќ, Додик и пејачот во жестока расправија
Концертот на популарниот српски фолкер Аца Лукас, кој требаше да го отвори скијачкиот настан на Јахорина на 12 декември, е експресно откажан од страна на Олимпискиот центар. Причината е фотографија која се појави во јавноста, на која пејачот позира со Насер Ориќ, поранешниот командант на Армијата на БиХ во Сребреница. Олимпискиот центар соопшти дека фотографијата предизвикала „загриженост и возбуда“ кај јавноста во Република Српска, па затоа ќе биде ангажиран друг изведувач.
Додик: „Лукас нè повреди длабоко“ – Лукас: „Не барам лични карти од фановите“
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, остро реагираше, нарекувајќи го чинот „предавнички“ кон српскиот народ и жртвите, тврдејќи дека Лукас го изгубил кредибилитетот за настапи во РС. Од друга страна, Насер Ориќ изјави дека тој побарал фотографија како фан и дека Лукас веројатно не знаел кој е. Самиот Аца Лукас жестоко му врати на Додик преку Инстаграм: „Не ги делам луѓето по вера и нација и не им барам лични карти на фановите кога се сликаат со мене. Жал ми е што Миле денес е само претседател на една партија“.


