во ,

Скандал со пензиите: 12.000 пензионери во странство дискриминирани, државата им должи по 2.500 денари!

Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека 12.000 пензионери, кои стекнале право на пензија во Македонија, но живеат во странство, биле дискриминирани бидејќи не го добиле мартовското покачување од 2.500 денари.

Според Комисијата, овие лица биле неправедно исклучени од зголемувањето во март 2025 година, како и од идните усогласувања. Претставките биле поднесени од Темелко Ристовски, поранешен универзитетски професор по уставно право, и други оштетени пензионери.

Спорна законска измена и ретроактивност

Владата првично го образложила покачувањето како мерка за заштита на стандардот. Меѓутоа, дополнителна измена на Законот за ПИОМ го додала условот „пензијата да се исплаќа во Република Северна Македонија“. Комисијата утврдила дека иако ова делува неутрално, де факто ги дели пензионерите според живеалиштето, што резултира со пониска пензија за ист работен стаж само поради адресата.

Дополнителен правен скандал е што мартовските пензии биле исплатени на 1 април, а измените во законот биле објавени во „Службен весник“ дури на 8 април. Ова значи дека законот важел ретроактивно, што е спротивно на Уставот. За истиот проблем се чека одлука и од Уставниот суд.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ХОРОР ЗАД ОГЛЕДАЛОТО: Осети промаја, па откри цел трособен стан скриен во ѕидот!

Одлука во Кардиф: На Македонија ѝ треба само бод за полесен пат до Светското првенство!