
Пешачки маршеви и широка граѓанска поддршка
На финалниот митинг, кој е закажан за 18 часот под слоганот „Победата повикува“, му претходеа повеќедневни пешачки маршрути на студентски и граѓански колони од различни делови на Србија. Студентите пешачеа од Заечар, Нови Сад, Горњи Милановац, Ваљево и Шабац, спојувајќи се кон главниот град.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Долж патот, тие добија поддршка од локалното население, земјоделци и мотоциклисти. На колоната која тргна од Нови Сад ѝ се придружија и земјоделци со 16 трактори од Иницијативата за опстанок на земјоделците на Србија, додека во местата како Батајница и Смедерево, граѓаните ги пречекуваа студентите со храна, пијалаци и музика.
Оптимизам пред изборниот молк
Организаторите го избраа плоштадот Славија бидејќи, како што велат, тоа е место кое ги памети нивните најголеми моменти и е симбол на поддршката што студентското движење ја добивало низ годините.
Дејан, студент на Факултетот за технички науки во Нови Сад, истакна дека гостопримството од граѓаните им помогнало да го издржат заморот од долгото пешачење. Сличен став дели и психологот и кандидат на студентската листа, Драган Прпа, кој смета дека овој процес има пошироко општествено значење.
„Ваквите акции го враќаат оптимизмот и го менуваат односот кон животот во заедницата. Процесот што го започнавме е поширок од самата изборна кампања, иако политичката разрешница ќе се бара на гласањето на 25 октомври“, оцени Прпа пред вечерашниот последен собир пред почетокот на изборниот молк.


