во ,

Стоел 30 години во гаража, ова „мини“ изгледа како вчера да излегло од салон

Ретко се појавува оглас кој предизвикува толкаво внимание кај љубителите на олдтајмери.

На продажба е Mini Rover 1000 Classic од 1990 година, автомобил кој поминал три децении во гаража, целосно сочуван и подготвен за нови авантури. Цената изнесува 14.995 евра, со можност за договор.

За сите храбри борци

Автомобилот бил испорачан кон крајот на 1990 година, а неговиот прв и единствен сопственик го возел редовно до 1996 година, кога ја изгубил возачката дозвола. Наместо да го продаде, семејството одлучило да го одјави и да го „складира“. Таму останал недопрен цели 30 години, заштитен од времето и прашината.

Повторното „оживување“ започнало во 2023 година кога автомобилот бил повторно офарбан во оригиналната црвена нијанса „Flame Red“. По голем сервис и неколку стотици поминати километри за „разработка“, Мини-то е повторно подготвено за возење. Летово е направен и дополнителен сервис, па автомобилот сега се продава во речиси фабричка состојба.

Совршено сочуван класик

Под хаубата се наоѓа четирицилиндричен мотор од 998 кубика со 42 коњски сили и четиристепен мануелен менувач. Тука се и спортските фелни и проширените крила кои му даваат препознатлив ретро изглед.

Броилото покажува само 30.160 километри, а автомобилот поседува комплетна сервисна книшка. Внатрешноста е црна, едноставна и беспрекорно сочувана, без додатоци кои би го нарушиле оригиналниот карактер на моделот.

Љубителите на класиката тврдат дека е тешко да се најде подобро сочуван примерок од овој модел. Првиот сопственик, проверената историја и оригиналната состојба го прават вистински колекционерски скапоцен камен, а со цена помала од 15.000 евра ова е понуда која привлекува внимание кај сите вљубеници во Mini автомобилите и олдтајмерите.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трудничката Милица Тодоровиќ во народна носија, снимката од свадбата е вистински хит

Вештачката интелигенција е толку гладна што ја напојуваат со стари авионски мотори