Платформата за информирање на студентите, „Студентарија“, добила бројни реакции. Од почетокот на мај, на дел од студентите им е прекинато правото на субвенциониран оброк. Станува збор за студенти кои примаат семејна пензија.
Проблемот со критериумите
Овие студенти со месеци редовно ги добивале средствата. Но, од овој месец веќе не се на списокот. Наводната причина е висината на нивните месечни приливи, односно пензијата. Според сегашните критериуми, студенти со приходи над минималната плата немаат право на оброк.
Сепак, од „Студентарија“ посочуваат на уште еден проблем. Правото на оброк е прекинато и на студенти чија пензија е под минималецот. Ова создава уште поголема конфузија и чувство на неправда.
Ставот на „Студентарија“
Од платформата нагласуваат неколку клучни работи. „Семејната пензија не е избор, туку социјално право. Се добива поради загуба на родител“, истакнуваат тие. Сметаат дека овие студенти се ранлива категорија. Не смеат да бидат исклучени од други форми на поддршка.
„Никој не избира да изгуби родител!“, потенцираат од „Студентарија“. Тие сметаат дека укинувањето на оброкот за овие студенти е неправедно. Тоа е и социјално неодговорно од страна на институциите.
Студентите што примаат семејна пензија не треба да се третираат исто како вработените. Тие не се финансиски независни. Често живеат од поддршка што ја добиваат поради трагичен настан. Пензијата неретко ја делат и со своите браќа или сестри.
„Изненадното укинување без најави… создава несигурност и чувство на дискриминација“, велат од платформата.
Барања до институциите
„Студентарија“ упати јасни барања до надлежните институции, пред сè до МОН:
- Да го преиспитаат критериумот и да го вратат правото на оброк.
- Да воведат социјална проценка, анализирајќи го контекстот, а не само бројките.
- Да дадат јасно објаснување за сите идни промени во условите.
- Да обезбедат транспарентност и доследност во примената на мерката.
Од платформата информираат дека реакцијата веќе ја проследиле до Министерството за образование и наука. Оттаму очекуваат брзи чекори за решавање на овој предизвик.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден