во ,

Судскиот совет пресече: 10 гласа „ЗА“ одземање на имунитетот на судијата со парите во ѕид

Судскиот совет без милост: Едногласно одземен имунитетот на судијата Ристов

Со 10 гласа „ЗА“ и ниту еден против, Судскиот совет попладнево донесе одлука за одземање на судискиот имунитет на Ѓоко Ристов, судија од Апелацискиот суд Скопје. Оваа одлука ги отстрани сите правни пречки за тој да биде спроведен во домашен притвор, мерка која ја побара Обвинителството поради сомневањата за тешка корупција.

Падот на судијата: Од Апелација до обвинителна клупа

Супер Попуст -25%

Седницата беше свикана по итна постапка, веднаш штом пристигна барањето од Кривичниот суд. Членовите на Советот оценија дека тежината на делата – особено пронаоѓањето на 350.000 евра соѕидани во ѕид во куќата на неговите родители – налага итна суспензија од функцијата и овозможување на непречена истрага. Ристов сега се соочува со обвиненија за перење пари и прикривање имот, поврзани со претходно уапсениот адвокат Фехми Стафа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јануарски ценовен шок: На едно семејство му фалат 921 денар повеќе од лани за да преживее

Министерот Тошковски со одлични вести за проектот „Безбеден град“: Пад од 35% за само 50 дена