
Затвор за елка, казна за Дедо Мраз: Ова се 5-те земји каде Божик е строго забранет
Додека поголемиот дел од светот ужива во празничната магија, во одредени делови на планетата Божик не само што не се слави, туку е и опасен. На врвот на листата е Северна Кореја, каде секоја верска прослава се смета за закана за режимот на Ким, а украсувањето може да ве однесе директно во затвор. Слично е и во Сомалија, каде празникот е целосно забранет поради страв од екстремистички напади и зачувување на исламскиот идентитет.
Од шеријатски казни до „тивок бојкот“
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Во Брунеј и Саудиска Арабија, шеријатскиот закон диктира строги правила: носењето капа на Дедо Мраз во јавност или китењето елка се смета за промоција на туѓа религија и подлежи на казни, иако во Ријад неодамна се забележуваат мали олеснувања за туристите. Петтата земја, Таџикистан, иако нема формална забрана, активно работи на сузбивање на „странските влијанија“, советувајќи ги училиштата и фирмите да не поставуваат никакви божикни украси.


