
Според официјалните информации од МВР, несреќата била пријавена на 29 август во 09:55 часот во ОВР Кочани. Дваесет и осумгодишната А.Ј. од кочанското село Тернци, управувајќи мопед со кој превезувала и тригодишно дете како сопатник, изгубила контрола над возилото и се превртела на коловозот.
Лекарска помош и увид на терен
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
По незгодата, повредените лица итно биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде на жената ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, додека детето се здобило со телесни повреди. Екипа од ОВР Кочани извршила детален увид на местото на настанот за утврдување на сите причини кои довеле до оваа сообраќајна несреќа.
„Полицијата изврши увид на местото на настанот каде возач на мопед изгуби контрола и се преврте, при што тешки повреди здоби 28-годишна жена, а повредено е и тригодишно дете.“


