во ,

Трагедија во Хонг Конг: Боинг 747 излета од пистата и усмрти двајца

Двајца членови на обезбедувањето на аеродромот во Хонг Конг загинаа рано утрово кога товарен авион Боинг 747, кој слетал од Дубаи, излетал од пистата.

Леталото удрило во нивното патролно возило и го турнало во морето, соопштила управата на аеродромот.

За сите храбри борци

Авионот потоа завршил во водата и делумно потонал, а сите членови на екипажот, четворица на број, успеале безбедно да се евакуираат, пренесува Ројтерс.

Едниот починал на лице место, другиот во болница

Еден припадник на обезбедувањето починал на лице место, додека другиот им подлегнал на повредите во болница, изјавил директорот на операции на Аеродромската управа на Хонг Конг, Стивен Јиу.

Летот го извршувал турскиот товарен превозник ACT Airlines во име на авиокомпанијата „Емирејтс“, а несреќата се случила околу 3:50 часот по локално време. Според официјалните лица, патролното возило се движело по дозволена патека надвор од оградата на пистата.

„Не влегло на пистата, ниту ги пречекорило овластувањата“, рекол Јиу, додавајќи дека авионот ненадејно свртел лево по слетувањето и удрил во возилото, што, како што истакнал, „не била вообичаена патека“.

Повеќе од само несреќа – мистерија на пистата

Контролата на летање не примила никаков повик за помош пред несреќата, потврдил шефот на истрагата. На снимката од комуникацијата со пилотот, објавена на веб-страницата LiveATC.net, не се споменуваат никакви технички проблеми пред слетувањето.

Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Хонг Конг потврди дека авионот „скршнал од северната писта по слетувањето и завршил во морето“. Оваа несреќа отвора сериозни прашања за тоа што точно тргнало наопаку во моментот на слетувањето на еден од најголемите товарни авиони во светот, на еден од најфреквентните аеродроми.

Аеродромската управа најавила целосна поддршка за семејствата на настраданите, кои, како што е наведено, работеле на аеродромот седум, односно дванаесет години.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ексклузивна снимка од украдениот царски накит од Лувр, направена од српски уредник