
Ударите врз руските рафинерии ги креваат цените на нафтата
Во интервју за телевизијата „Њузмакс“ (Newsmax), директно вклучен од Белата куќа, Трамп го изрази своето незадоволство од украинската тактика на бомбардирање на руската нафтена инфраструктура. Според него, цел на ударите се капацитети клучни за глобалниот пазар на горива.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
„Мислам дека тоа е срамно. Има многу други цели. Кога напаѓате рафинерии што произведуваат дизел – кој ни е потребен нам и на целиот свет – тогаш не му правите никаква услуга на светот“, порача Трамп, додавајќи дека овие потези директно ги покачуваат цените на енергенсите.
„Не сака да склучи договор, ја уништија таа земја“
Покрај економските критики, американскиот претседател отворено го доведе во прашање кредибилитетот на Зеленски како лидер и неговата подготвеност за дијалог со Москва, нарекувајќи го „лош човек“ за соработка.
„Зеленски не е човек со кој е лесно да се соработува. Тој не сака да склучи договор. Вели дека сака, но всушност не сака. Не, не сум некој негов голем љубител. Тие ја уништија таа земја“, изјави Трамп во емисијата.


