во , ,

Трамп удри по ЕУ со нови закани: Ако нема договор до 9 јули, сите европски производи ќе се царинат со 50%!

Претседателот Доналд Трамп се закани на Европската унија со царина од 17 отсто на извозот на храна.

Оваа закана пристигна непосредно пред истекувањето на рокот за постигнување на трговски договор. Рокот е 9 јули. Доколку не се постигне договор, ЕУ се соочува со данок од 50 отсто на целата стока. Функционери на ЕУ за „Фајненшл тајмс“ изјавиле дека ова е ескалација.

Преговори без резултати, рокот истекува

Доколку САД и ЕУ не успеат да постигнат договор до рокот следната недела, ова може да предизвика сериозни економски последици. Тоа брзо би можело да биде проследено и со контрамерки од страна на ЕУ. Тие би биле насочени кон широк спектар на американски производи.

Реклама

Двете страни работат на нацрт-договор од пет страници. Но, во него има многу малку договорен текст. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, изјави дека детален договор е „невозможно“ да се постигне. Сепак, таа се надева на „принципиелен договор“.

Трамп со критики: „ЕУ е формирана за да ги измами САД“

Трговските односи меѓу САД и ЕУ се едни од најголемите во светот. Тие опфаќаат околу 30% од светската стока. Трговијата меѓу нив во 2024 година е проценета на околу 1,68 билиони евра. Сепак, Трамп повеќепати ја критикуваше Европската унија.

Тој ја обвинуваше дека ги злоупотребува САД. „ЕУ е формирана за да ги измами Соединетите Држави“, тврдел тој повеќепати во минатото.

Внатрешни поделби во ЕУ ја отежнуваат позицијата

На европските преговарачи не им помагаат ни внатрешните поделби. Некои земји-членки сакаат да прифатат повисоки царини. Но, во замена за период на сигурност. Други, пак, сакаат да возвратат со контрамерки. Со тоа би извршиле притисок врз Трамп да направи компромис. Оваа поделеност ја ослабува преговарачката позиција на Брисел.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Костадинов се повлекува: Нема да се кандидирам како независен, не сакам да бидам алиби за поразот на СДСМ

Премиерот Мицкоски: После години на пад, конечно имаме раст за економијата!