во ,

Туризмот на Антарктикот: невидливиот загадувач на белата пустина

Алармот за Антарктикот е вклучен: Туризмот е огромен фактор за загадување

Антарктикот, некогаш симбол на недопрената природа, денес се соочува со сериозен притисок од растечкиот туризам и човечката активност.

Бројот на посетители на континентот експлодираше – од околу 8.000 туристи во 1990-тите на над 124.000 во сезоната 2023–2024, а прогнозите велат дека до 2034 година таа бројка може да достигне дури 450.000. Ново истражување објавено во Nature Sustainability покажува дека токму оваа експанзија на туризмот, заедно со зголемувањето на истражувачките бази, остава сериозни последици врз екосистемите.

Супер Летен Попуст

Научниците измериле десеткратно зголемување на токсични метали како никел, бакар и олово во областите со човечко присуство во споредба со пред четири децении. Притоа, секое патување на еден турист генерира во просек 5.44 тони CO₂, а честичките црн јаглерод дополнително го забрзуваат топењето на снегот – дури и до 100 тони по турист.

Иако Меѓународната асоцијација на туроператори за Антарктик (IAATO) воведе строги правила за ограничување на слетувања и биобезбедност, самото присуство на луѓе го нарушува животинскиот свет и чувствителната вегетација. Истражувачките експедиции пак носат уште поголем еколошки отпечаток, со влијание десет пати поголемо од еден туристички престој.

Иако има иницијативи за користење хибридни бродови и забрана на тешки горива, експертите предупредуваат дека само транзицијата кон обновливи извори на енергија и намалување на фосилните горива може да го ублажи овој тренд. Под блескавата белина, Антарктикот веќе плаќа висока цена за човечката активност.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пет практични идеи за уредување на мали дворови

KIA EV4 излегува од Жилина: Првиот целосно електричен модел на брендот во Европа