во ,

Уживајте во топлите 19 степени денес: Од утре доаѓа „потоп“ со над 30 литри дожд!

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со температури до 19 степени.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.

Времето во Скопје

Во Скопје наутро ќе има услови за магла, а преку денот ќе биде претежно облачно со умерен до засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 15 степени.

Повеќе од само облаци – доаѓа голема промена

Како што информира УХМР, следува период на нестабилно време. Веќе од утре (вторник) ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува и силен ветер (над 60 километри на час), особено долж Повардарието.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВОЗАЧ ОД МАКЕДОНИЈА (60) ЗАГИНА ВО ХОРОР СУДАР ВО ИТАЛИЈА!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17 НОЕМВРИ: Девиците се многу нетрпеливи, Јарците се мирни, тие ги решаваат сите ситуации