
Според утринскиот извештај, активните пожари се локализирани во неколку критични региони: во општините Студеничани и Зелениково (потезите Моране – Вртекица – Рамни Габер, над Вражале и Тисовица), во општините Гостивар и Македонски Брод каде огнот од Трново се ширел кон Битово, Заград и Страјане, во Општина Чашка над селото Нежилово, како и нов активен пожар во Општина Струга кај селото Франгово. Три пожари се успешно ставени под контрола – во Кичево (Тајмиште), Делчево (депонија) и Брвеница (Стрмница).
Мнобројни успешни интервенции на терен
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Екипите на терен во изминатиот период успеаја да изгаснат дури 24 пожари на различни локации низ државата, вклучувајќи ги Желино, Теарце, Кичево, Делчево, Росоман, Босилово, како и интервенции во урбаните средина како парк-шумата Гази Баба, Карпош, Шуто Оризари, Арачиново и Куманово. Надлежните апелираат на максимална претпазливост и воздржување од палење оган на отворено поради неповолните временски услови.
„Бројката од 31 регистриран пожар утринава покажува сериозна разгореност на теренот, но брзата реакција на службите спречи поголеми катастрофи на многу локации.“


