во ,

УХМР ИЗДАДЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пороен дожд (над 30 л/м²), грмежи и силен ветер!

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

УХМР предупредува дека локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен дожд за 24 часа, а ќе има и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Времето во Скопје

Во Скопје, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои се очекува да бидат пообилни во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Какво време нè очекува во текот на неделата

УХМР најавува дека утре (вторник) во претпладневните часови сè уште ќе има локални врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер. Потоа, до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво, но со значително пониски утрински температури.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 НОЕМВРИ: Близнаците пукаат по шевовите, Лавовите го губат целото богатство одеднаш

Лажеле за Трамп, а сега и за климата? Британскиот сервис во најголемата криза досега.