
Варшава дочека нов заштитник кој наместо со криминалци, се пресметува со дивите свињи низ градските паркинзи. Во оваа 2026 година, додека хуманоидните роботи сè уште учат како да ни ги здиплат алиштата без да ги искинат, еден модифициран модел на Unitree G1 стана апсолутна ѕвезда на социјалните мрежи. Именуван како Едвард Вархочки, овој метален „ловец“ беше снимен како трча по стадо диви свињи, само за на крајот театрално да ја подигне тупаницата од фрустрација бидејќи животните се – очекувано – многу побрзи од него. Иако глетката е урнебесна и веднаш стана вирална сензација, таа отвора интересни прашања за тоа колку навистина технологијата може да ни помогне во справувањето со природата која сè почесто се населува во нашите бетонирани џунгли.
zaganiam dziki do lasu pic.twitter.com/Pjxkn0kfob
— Edward Warchocki (@edwardwarchocki) April 12, 2026
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Полската престолнина веќе подолго време мака мачи со популација од неколку илјади диви свињи кои слободно шетаат низ станбените области, предизвикувајќи страв и штети. Додека властите применуваат драстични и често контроверзни мерки како колење во урбаните средини, појавата на Едвард Вархочки донесе малку дигитален хумор во целата ситуација. Сепак, експертите се скептични – бркањето на животните со двоножни роботи кои се движат со брзина на просечен џогер тешко дека ќе го реши проблемот во пракса. Ова е повеќе технолошки перформанс отколку реална стратегија за безбедност, но дефинитивно успева да го привлече вниманието на јавноста врз овој сериозен проблем.
Маркетиншки генијалец или иден полицаец: Кој е всушност Едвард?
Piąteczek pic.twitter.com/X5GuD9OYGv
— Edward Warchocki (@edwardwarchocki) April 10, 2026
Вистинската приказна зад металниот лик на Едвард е всушност добро осмислен маркетиншки трик кој ја освои Полска со својата оригиналност. Роботот не е само обичен „чувар“, туку вистинска медиумска ѕвезда која веќе успеа да го посети и полскиот парламент, предизвикувајќи насмевки кај политичарите. Сме го виделе како трча заедно со маратонци, настапува на сцена со познати пејачи и дава сериозни изјави за медиумите заедно со локалните моќници. Иако неговата мисија против дивите свињи е повеќе шоу за камерата, Едвард стана симбол на новата ера на роботиката каде забавата и виралноста често претходат на реалната функционалност. Додека чекаме роботи кои навистина ќе ни ги решаваат комуналните проблеми, ќе уживаме во оние кои знаат како да нè насмеат.


