
ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 ЈАНУАРИ: Близнаците ќе бидат разгалени, Девиците „фрлиле око“ на некој посебен
Викендот започнува со интересни вибрации. Додека надвор се подготвува снег, ѕвездите носат топлина во љубовниот живот за некои знаци, а деловни можности за други. Астрологот Олга Савиќ открива што ве чека оваа сабота.
ОВЕН
Одличен ден за започнување нови соработки и комуникација. Другата страна ќе навлегува во ситни детали од договорот, но вие успевате на вистински начин да ги претставите своите предлози. Вистинско време е за договори со емотивниот или брачниот партнер. Убедливи сте.
БИК
Денес сте организирани и лесно можете да покренете некои деловни договори. Вистина е дека обврските ве притискаат, но успевате да најдете доволно време и за некои нови контакти. Со саканата личност денес полесно може да се дојде до договор.
БЛИЗНАЦИ
Сега можете полесно да се активирате во деловниот сегмент, имате добри идеи и можете да ги презентирате на вистински начин. Саканата личност е денес особено добро расположена кон вас и подготвена да ве „ушушка“ и разгали. Се чувствувате одлично, партнерот ве чува како малку вода на дланка.
РАК
Целосно сте насочени кон контактите со соработниците. Немојте да бидете оптоварени со тоа како ќе завршат некои договори – повеќе од сигурно е дека ќе бидете успешни. Денес и односот со саканата личност може да се поправи, само ако се потрудите.
ЛАВ
Силно нагласеното поле на деловното секојдневие, обврските и одговорностите зборуваат дека треба да го занемарите сè останато и со полна пареа да се фрлите на работа. Со саканата личност остварувате само површна комуникација.
ДЕВИЦА
Некои шанси ќе се отворат пред вас, а вие треба да бидете подготвени да изреагирате. Зачувајте ја присебноста, бидете одмерени и активни и надевајте се на најдоброто. Една личност остава голем впечаток на вас. Заинтересирани сте и посакувате нешто повеќе.
ВАГА
Ви се чини дека некои договори одат побавно од вашите очекувања, но нема потреба да ја брзате оваа ситуација. Подобро полека, но сигурно. Поставете се одговорно. Интензивно размислувате за својот емотивен живот и се обидувате да најдете решение.
ШКОРПИЈА
Денес оставете сè друго настрана и фрлете се на договори со соработниците, но и со потенцијалните деловни партнери. Можете да остварите многу задоволителна комуникација. Истото важи и за емотивниот сегмент – убавиот збор и железни врати отвора.
СТРЕЛЕЦ
Можете да направите многу повеќе од она што сте го очекувале, па не двоумете се да ја искористите оваа голема денешна енергија. Силна комуникација со личност која ви е мила на срцето. Работите можат да се помрднат од мртва точка. Не се воздржувајте и не се кочете себеси.
ЈАРЕЦ
Имате можност да остварите договори од кои би можеле солидно да заработите. Не размислувајте, активирајте се – денес делувањето ви носи корист. Ова важи и за емотивниот сегмент – вистински момент е за разговор со личноста која ви се допаѓа.
ВОДОЛИЈА
Конечно се надевате дека сите работи дошле на свое место. Успеавте да решите некои недоумици во својата глава и нема пречки кон вашата цел. Размислувате како да ѝ пријдете на личноста која ви е привлечна и на кој начин да остварите посина комуникација.
РИБИ
Иако тежината во работата е сè уште присутна, голема надеж ви дава комуникацијата со некој кој ви ветува дека ќе се заземе за вас и ќе ви помогне. Што се однесува до емотивниот дел, ако размислувавте дали да преземете иницијатива кон некого, одговорот е – да, време е.

