
Овен
Овој ден поминете го со саканата личност. Доколку сте осамени, вистински момент е да излезете со пријателите бидејќи ви е потребно друштво. Токму низ ваквата забава може да ви се отвори една многу интересна љубовна прилика.
Бик
Денес е актуелна грижата за здравјето, па вистински момент е да се опуштите, да се релаксирате и да поведете малку повеќе сметка за себе. Прашање е колку ќе бидете расположени за контакти со другите, бидејќи денес ви е потребно малку да бидете сами.
Близнаци
Работите се придвижуваат во односот со саканата личност. Потребно ви е нејзиното присуство и блискост, особено затоа што се чувствувате малку несигурно. Поедини припадници на знакот денот ќе го поминат во друштво со пријателите, во дружење со децата или во спортски активности – ве очекува убав ден.
Рак
Насочени сте кон својот дом и семејното опкружување. Токму оттаму ја црпите потребната сила и енергија за следната работна недела. Ќе уживате во исполнет ден, а вечерните часови ви носат можност за средба со саканата личност или со некој кој ви е многу интересна појава.
Лав
Најубаво би било денот да го поминете во друштво со луѓето кои ги сакате и кои ви се блиски. Уште ако можете да заминете барем на неколку часа надвор од градот и да прошетате на свеж воздух покрај некоја река – тоа ќе биде полн погодок за вашето расположение.
Девица
Додека сите размислуваат за помин и опуштање, вие веќе мислите на тоа што мора да направите следната недела и во главата го правите планот за работа. Сепак, ќе стигнете и да се опуштите со саканата личност и да украдете по некој убав момент само за себе.
Вага
Денес ќе бидете со променливо расположение. Преку глава ви е од проблеми и секирации, па ќе барате начини да се „кренете“. Опуштете се некаде или малку рекреирајте се. Добро би ви дошол излет надвор од градот или барем засилени активности со партнерот, надвор од дома.
Шкорпија
Свесни сте дека сте при крај со некои проблеми и поопуштено размислувате за иднината. Ве носи бран на многу позитивна енергија што треба да се искористи за релаксација, но и за контакти со блиските луѓе, пријателите, семејството, партнерот.
Стрелец
Ден како создаден да бидете опкружени со драги луѓе и пријатели. Сакате време само за себе, сакате да се опуштите и да не размислувате за ништо што ве оптоварува. Ми изгледа дека сите коцки ќе се поклопат за да ви приредат токму таков ден.
Јарец
Пријателите или саканата личност ќе ве убедат дека е вистински момент да отидете некаде на забава, прошетка, помин. И нема да се покаете. Ќе се опуштите до таа мера што ќе ви биде одбивна самата помисла дека утре мора да одите на работа.
Водолија
Ако вчера не заминавте на пат, денес немате никаков изговор за такво нешто. Сè, само да не се седи дома и да се губи време. Потребно е да излезете, најдобро со саканата личност и да поминете еден феноменален ден или пак да уживате со пријателите.
Риби
Сакате да воведете позитивни промени и кај себеси, но и во емотивниот однос во кој се наоѓате моментално. Тоа ќе биде прифатено на најдобар можен начин од страна на саканата личност. Пред вас е ден полн со убави и стимулативни случувања, опуштете се и уживајте.

