
Според надлежните власти, забраната стапи во сила во 8 часот утрово и ќе трае сè до 8 часот во понеделник, 17 август. Оваа мерка е донесена превентивно со цел да се заштитат граѓаните, туристите и природата од катастрофални последици.
Кои подрачја се опфатени со забраната?
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Забраната за движење низ шумските предели се однесува на следните критични локации на Халкидики:
- Полуостровите Касандра и Ситонија
- Подрачјето од Комица до Уранополис
- Општината Полигирос
Грчката полиција најави дека ќе спроведува засилени и континуирани контроли на сите пристапи кон шумските патишта, со цел да се спречи неовластен влез во забранетите подрачја. Лицата што ќе бидат затекнати во зоните опфатени со забраната ќе бидат веднаш отстранети.
„Ги повикуваме сите жители и туристи строго да ја почитуваат оваа забрана, бидејќи за нејзино прекршување е предвидена строга глоба во износ од 300 евра,“ предупредуваат надлежните.
Исклучок од оваа мерка има само за членовите на доброволните организации кои се активно ангажирани во активности за заштита и превенција од пожари на терен.


