
Четири од десет Македонци купуваат онлајн: Македонија со подобар просек од Албанија, БиХ и Црна Гора, но зад ЕУ.
Според најновите податоци на Евростат, 39,4% од Македонците на возраст од 16 до 74 години минатата година нарачале стоки или услуги преку интернет. Иако ова е значително под просекот на Европската Унија кој изнесува 60,2%, Македонија котира подобро од дел од земјите во регионот, преткнувајќи ги Босна и Херцеговина (34,8%), Црна Гора (24,5%) и Албанија (16,3%).
Србија и Хрватска пред нас, но и тие под европскиот просек
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Во соседството, Србија покажува подобри резултати, особено во регионот на Белград каде стапката е 52,4%. Слична е ситуацијата и со членките на ЕУ од Балканот – Хрватска има удел од 52,5%, додека во Бугарија стапката варира од 21,7% до 44,7% во зависност од регионот. Ова покажува дека целиот Балкан сè уште заостанува зад западноевропските навики за е-трговија.


