Мицкоски: Еден човек може да направи разлика, но сите заедно можеме да направиме историја
„Времето кога години наназад секој од нас губел надеж е минато.“
„Македонија може да оди напред,“ порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски. „Човек сам може да направи разлика. Но, сите заедно може да направиме историја.“ Ова го рече на настан по повод една година Влада.
„Ги градиме темелите, камен по камен“
Заедно, рече тој, ги градиме темелите. „Камен по камен, за Македонија што ќе ја препознаеме.“ „И ќе ја сакаме. За Македонија со која ќе се гордееме.“ Тој зборуваше за состојбата што ја наследиле.
„По години на празни ветувања, не почнавме од нула.“ „Почнавме од минус – од рушевините што ги оставија.“ „Но, ние не се предадовме. Не го оставивме својот дом,“ потенцираше тој.
„Не ветувам чуда, туку искреност и упорност“
„Кога ќе погледнам во очите на луѓето, знам што морам да направам.“ „Морам да направам сè за тие да имаат подобар живот.“ „Промените не се случуваат преку ноќ.“ „Но, секој ден напредок е голема победа,“ рече тој.
„Не ветувам совршенство и чуда. Туку ветувам искреност и упорност.“ „Во секој чекор и борба за тебе и иднината.“ „Оваа година беше година на напорна работа и стабилизација.“
„Македонија повторно ќе биде твоја“
„Ние не сме политичари што зборуваат од високо.“ „Ние сме луѓе што живеат тука со вас.“ „Затоа со труд ги градиме темелите на промените.“ „Македонија е повеќе од земја. Тоа е наш дом.“
„Оваа година беше само почеток на консолидација. Почеток по 7-те години на уништувања.“ „Ги поставуваме темелите за Македонија да биде повторно твоја.“ „Времето на Македонија допрва доаѓа. И тоа не е само слоган – тоа е наша обврска.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден