
Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаја непријатен пораз од Сан Антонио Спарс со 136:139 на домашен терен, иако противникот настапи без својата најголема ѕвезда, повредениот Виктор Вембањама.
Натпреварот беше вистински „ролеркостер“. Денвер одигра фантастично прво полувреме и замина на пауза со предност од 74:59, но во третата четвртина доживеа целосен колапс. Гостите постигнаа неверојатни 44 поени во тој период, направија серија од 20:3 и го презедоа водството. Во драматичниот финиш, тројката на Девин Васел (кој заврши со 35 поени) беше клучна за победата на Спарс.
Му го „украдоа“ трипл-даблот на Јокиќ, Денвер елиминиран
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Никола Јокиќ го заврши мечот со 21 поен, 10 асистенции и 9 скока, шутирајќи само 10 пати од игра. Иако првично му беше запишан скок за неговиот 11-ти трипл-дабл сезонава, статистиката подоцна беше коригирана и тој остана „пократок“ за еден скок. Џамал Мареј беше најефикасен кај домаќините со 37 поени.
Овој пораз има голема тежина бидејќи значеше директна елиминација на Денвер од НБА Купот, додека Сан Антонио го обезбеди првото место во групата Ц на Западот и пласман понатаму.


