во ,

Шок-изјава на таткото на Маск: „СССР ја извлече Русија од канџите на ѓаволот“

Таткото на американскиот милијардер Илон Маск, Ерол Маск, изјави дека Советскиот Сојуз „извлекол огромна земја од канџите на ѓаволот“ и дека чувствува длабока почит кон советската епоха, пренесоа руските медиуми.

– СССР беа обвинувани за многу работи, но ако сакате да го знаете моето мислење — тие извлекоа огромна земја од канџите на ѓаволот и го создадоа ова современо чудо кое денес го имате – рече Маск.

Според неговите зборови, историјата треба да се согледа објективно, бидејќи Советскиот Сојуз остварил огромен напредок и оставил неизбришлива трага во светската историја.

– Треба да се биде објективен. Мислам дека сум во право. Бев многу среќен кога слушнав како моите соговорници во Русија отворено зборуваат за советската епоха. Бев горд што седев во фотелјата на Ленин. Тоа не значи дека сум некој лудак, како што можеби би рекле во остатокот од светот. Не. Тоа беа големи луѓе. Гиганти – истакна Маск.

Ерол Маск за посетата на Русија и фотелјата на Ленин

Таткото на Илон Маск раскажал дека за време на својот престој во Русија го посетил Казан, кој, како што вели, „го оставил без здив“.

– Тоа е воодушевувачко место. Вреди да се види и да се слушне неговата историја – рекол Маск, додавајќи дека домаќините му ги покажале местата на кои учеле Ленин и Лав Толстој.

– Мислев дека за советското време повеќе ќе молчат, но не — отворено зборуваат за тоа што го правеле во тој период. Пробав храна која беше популарна во советско доба и слушнав интересни приказни за научните откритија од тоа време. Бев горд што седев во фотелјата на Ленин, во која тој седел како момче – рече Маск.

„Тоа беа гиганти“

Ерол Маск заклучил дека советската епоха „изнедрила исклучителни луѓе и огромни достигнувања“ и дека светот треба да „покаже повеќе почит кон она што е тогаш создадено“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Семејна драма во Пехчево, малолетник ги „олеснил“ мајка си и баба си

„Блокадерите“ фрлаа камења, полицијата спречи упад во „Чациленд“