во ,

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: Полскиот е најдобар јазик за ChatGPT, англискиот не е ни во топ 5!

Полскиот јазик е најдобар за вештачката интелигенција (ВИ), додека англискиот не е ниту меѓу првите пет, покажаа резултатите од новата меѓународна студија.

Истражувањето, спроведено од Универзитетот во Мериленд во соработка со „Мајкрософт“, тестирало 26 јазици на неколку големи јазични модели, вклучувајќи ги ChatGPT, Google Gemini и DeepSeek. Резултатите покажале дека најдобар јазик за внесување команди (промпт) е полскиот, кој постигнал точност до 88 проценти. Полскиот јазик на тој начин го надминал англискиот, кој е главен јазик за обука на многу модели.

Повеќе од само шок – зошто полскиот е подобар од англискиот?

Според научниците, полскиот јазик е победник поради неговата богата граматичка структура, сложениот систем на падежи и деклинации. Ова ѝ дава на вештачката интелигенција повеќе информации за односите меѓу зборовите, ја намалува двосмисленоста и ѝ помага подобро да се носи со сложени задачи.

Првите десет места ги зазеле словенските и романските јазици. Францускиот бил на второ место (87%), а италијанскиот на трето (86%). Англискиот, кој најчесто се користи, завршил на шестото место. Студијата сугерира дека тоа е веројатно затоа што англискиот содржи многу неформален јазик и сленг, што придонесува за неточности. Кинескиот, и покрај доминацијата со податоци, завршил дури на 22-то место со стапка на точност од само 62 отсто.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НЕМА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА АКО ИМАТЕ КАЗНА! Новиот систем ве чека на граница!

Земјотрес во Киев: Суспендиран министерот Герман Галушченко поради корупција од 100 милиони долари