
На 4 мај 1980 година, во 18:50 часот, телевизиската програма била прекината со црн екран. Триесет секунди тишина, а потоа гласот на Миодраг Здравковиќ ја изговорил реченицата во која Југославија слушала во неверување: „Умре другарот Тито“.
Со овие зборови, Централниот комитет и Претседателството на СФРЈ го соопштиле она што дотогаш било незамисливо. Јосип Броз Тито починал во Љубљана, само неколку дена пред својот 88-ми роденден.
Последните денови во болницата во Љубљана
Месеци пред смртта, здравјето на Тито било критично. Лекарскиот тим во Љубљана водел борба која се претворила во агонија. Кон крајот на јануари му била ампутирана ногата, а веќе во средината на февруари тој повеќе не можел да зборува. Остатокот од животот го поминал во состојба на вештачка кома, од која никогаш не се разбудил.
Повеќе од само лекар – сведокот на последните зборови
Еден од оние кои секојдневно дежурале покрај неговиот кревет бил доктор Миломир Станковиќ, тогаш млад лекар, кому му била доверена задачата да запишува сè – дијагнози, терапии, па дури и секоја реакција на Тито.
Докторот Станковиќ, кој почина во 2019 година, дури во 2016 година (36 години подоцна) во својата книга „Тито меѓу животот и смртта“ првпат јавно проговорил за последните свесни моменти на маршалот.
„Што треба да значи сето ова!“
Во една емисија, д-р Станковиќ го опишал моментот што засекогаш му останал врежан во сеќавањето. Тоа биле последните зборови на Тито пред да падне во кома.
„Кога виде дека сè е пропаднато, неговите последни зборови беа: ‘Што треба да значи сето ова!’ (Šta sve ovo treba da znači!)“, раскажал докторот.
„Е сега, дали тоа се однесуваше на одлуките што ги носеше, или на лекарите кои му ветуваа дека терапијата ќе успее – не знам. Набрзо потоа, тој повеќе не можеше да зборува“, додал Станковиќ.
Рамната линија на мониторот се појавила на 4 мај 1980 година во 15:05 часот. Во 18:50 часот цела Југославија веќе знаела.
Крајот на една ера
Ден подоцна, на 5 мај, „Синиот воз“ го донел ковчегот со телото на Тито во Белград. Погребан е на 8 мај во Куќата на цвеќето на Дедиње, во присуство на повеќе од 200 државници и лидери од целиот свет – од Маргарет Тачер и Индира Ганди до Леонид Брежнев и Јасер Арафат. Тоа беше еден од најголемите државни погреби во историјата на 20 век.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден






