во

ЈАСНА ПОРАКА ОД БРИСЕЛ: Европската комисија порача дека во Европа нема место за величање воени злосторници!

Европската комисија испрати остра и бескомпромисна порака по повод реакциите на дел од црногорските политичари на смртта на Ратко Младиќ, потсетувајќи дека величањето на осудени воени злосторници е во целосна спротивност со европските вредности.

Реакцијата од Брисел, дадена во одговор за црногорскиот весник Вијести, уследи откако претседатело на црногорското Собрание Андрија Мандиќ и други функционери испратија пораки на сочувство и го опишаа поранешниот командант како бранител. Од Европската комисија децидно потсетија дека Младиќ беше правосилно осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница и тешки злосторства против човештвото од страна на меѓународните трибунали.

Европски стандарди и соочување со минатото во земјите-кандидатки

Супер Попуст -25%

Во време кога Црна Гора напредува во пристапните преговори, европските институции потенцираат дека почитувањето на судските пресуди и владеењето на правото се неселективни критериуми. Брисел нагласи дека за глорификација на лица одговорни за воени злосторства нема место ниту во Европската Унија, ниту во земјите што се на пат кон неа.

„Ратко Младиќ издржуваше доживотна затворска казна за злосторства против човештвото и за геноцидот во Сребреница; тој беше воен злосторник и неговото величање е неприфатливо.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТОП ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЕУ ТУРИСТИ: Тирана прогласена за најповолна европска дестинација за есенско патување!

РЕКОРДЕН ПОДАТОК ОД ЕВРОСТАТ: Бројот на комерцијални летови во ЕУ порасна на 6,9 милиони, Амстердам и Париз на врвот!