во ,

Њујорк ја доби новата Принцеза Дијана? Сопругата на градоначалникот е модна икона преку ноќ

Рама Дуваџи, сопругата на новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, преку ноќ стана модна икона и омилена на Генерацијата З (Gen Z).

Медиумите и јавноста веќе ја споредуваат со принцезата Дајана, восхитувајќи се на нејзиниот „кул“ стил, кој веќе масовно се копира. Дуваџи, која е аниматорка и илустраторка, негува стил сличен на младите уметници од Менхетен или Бруклин: таа комбинира каубојски чизми со шорцеви, преголеми бели кошули, сребрени обетки и многу ѓердани.

Повеќе од само мода – порака за поддршка

На прославата на победата на нејзиниот сопруг, таа носеше црна маица без ракави од палестинскиот дизајнер Зеид Хиџази. Оваа маица ја искомбинирала со црно кадифено миди здолниште од њујоршката дизајнерка Ула Џонсон и обетки од дизајнерот Еди Борго.

Нејзиниот изглед имаше подлабоко значење – да ги истакне луѓето и заедниците што ги сака и поддржува преку модата, а сето тоа изгледаше целосно во нејзин стил. Иако Рама Дуваџи несомнено ќе биде под лупа поради нејзиниот изглед и политика, судејќи според нејзината победничка вечер, таа е подготвена за предизвикот и тоа го прави со неверојатна леснотија.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Аларм во базата на Трамп: Евакуација поради бел прав, луѓе во болница

Земјата е на удар на „тројна закана“ од Сонцето: можна е бура од највисоко Г5 ниво!