во ,

Во задачата требало да се напише описна придавка за сестра, а поради одговорот на овој ученик се смее цел Балкан

Фотографијата од задача на еден основец кој ја опишал својата сестра со само еден збор стана вистински хит на социјалните мрежи, и тоа најмногу поради неговото мислење што за него претставува токму сестрата.

Фотографијата која е објавена на Фејсбук страницата “Dnevna doza prosečnog Dalmatinca” добила повеќе од 5 илјади лајкови, а предизвикала и реакција од 3 илјади корисници кои воглавно во коментари ги тагнале своите браќа и сестри.

Во коментарите под објавата, следбениците пишувале дека го разбираат ученикот бидејќи и самите имале ситуации во кои не баш претерано ги сакале своите сестри или браќа.

“Мора претходната вечер да имало “војна” во собата”, бил еден од коментарите кој собрал најмногу лајкови, а многумина се потсетиле на детските моменти кога најголемиот “проблем” во животот им бил токму расправиите со своите членови на семејството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Симпатичното кученце со опаш на главата ги воодушевило спасувачите на животни во САД

11 лажни фотографии што го измамија целиот интернет