
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а наместа се очекуваат пообилни количини и до над 30 литри на метар квадратен за 24 часа.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува на локални услови за невреме со засилен ветер (над 60 км/ч) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе се движат од 6 до 18 степени.
Времето во Скопје и наредните денови
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи, кои во делови од котлината ќе бидат пообилни, проследени со засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до крајот на седмицата ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време, но со чести врнежи од дожд и засилен ветер.


