
„Сериозен момент за Европа и лекција од историјата“
Францускиот министер за Европа, Бенжамен Адад, преку објава на социјалната мрежа Икс порача дека победата на АфД на регионални избори во Германија е сигнал за тревога на целиот континент. Адад потенцираше дека демократските сили мора понизно да го слушнат гневот и стравовите на граѓаните, но строго подвлече дека популизмот нема да ги реши насобраните општествени проблеми.
„Ова е сериозен момент за Европа, да гледа како крајната десница победува на регионални избори во Германија. Национализмот и ксенофобијата никогаш нема да бидат решение. Никогаш не смееме да престанеме да ги браниме нашите демократски вредности и европскиот проект“, порача францускиот министер.
Историски дебакл за ЦДУ и рекордна излезност
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Прелиминарните резултати на изборната комисија покажуваат целосна доминација на АфД предводена од Улрих Зигмунд, освојувајќи неверојатни 43,8 отсто од гласовите, што е повеќе од двојно во однос на нивните 20,8 отсто од 2021 година. Ова е воедно и најдобриот резултат што некоја политичка партија го постигнала на покраински избори во Германија во изминатата деценија. Од друга страна, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на покраинскиот премиер Свен Шулце претрпе катастрофален пораз, паѓајќи од 37,1 отсто на минатите избори на само 17,2 отсто.
Социјалдемократите (СПД) завршија со скромни 9,3 отсто од гласовите. Особено впечатлив е податокот за одѕивот на гласачите – излезноста изнесуваше рекордни 77,8 отсто (во споредба со 60,3 отсто во 2021 година), што претставува највисока граѓанска мобилизација во Саксонија-Анхалт уште од обединувањето на Германија.


