
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, престојува во Москва по повод големиот јубилеј – 80 години од победата над фашизмот. Какви пораки за историјата, солидарноста и современите предизвици испрати тој од руската престолнина на денешното одбележување?
Професорот Апасиев, заедно со членот на Президиумот на Левица, Александар Симонов, е во официјална посета на Руската Федерација. Посетата следува по покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов. Денес, во рамките на одбележувањето, Апасиев одржа говор во Паркот на победата во Москва. Тој истакна дека Левица цврсто се бори против историскиот ревизионизам и ги штити вредностите на антифашистичката борба.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
„Нашите дедовци, партизаните од Југославија, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз против заедничкиот непријател“, нагласи Апасиев. Тој додаде дека таа солидарност е основа на историската поврзаност која мора да се чува. Во својот говор, Апасиев потенцираше дека победата од 1945 година е триумф на антифашизмот и на целото човештво, и дека е должност оваа вистина да се пренесе на идните генерации.
Според соопштението од Левица, во рамките на посетата која ќе трае до сабота, Апасиев и Симонов ќе имаат средба со левичарските пратеници на КПРФ во Државната дума. Утре, делегацијата на Левица ќе присуствува и на главната Воена парада на Црвениот плоштад во Москва.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден








