
Халуцинација што можеше да предизвика глобална катастрофа
Неверојатниот скандал започнал кога аналитичар од Командата за специјални операции на САД решил да искористи четбот за анализа на податоците за товарот на кинеско пловило. Системот ги измешал јавно достапните информации со високодоверливи разузнавачки податоци и извел целосно неточен, но застрашувачки заклучок – дека бродот превезува компоненти за кинеската нуклеарна програма.
Специјалците биле подготвени за упад
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Врз основа на оваа „халуцинација“ на алгоритмот, американските сили веднаш започнале подготовки за насилно пресретнување и качување на бродот, со целосна воздушна поддршка. Акцијата која сигурно ќе резултираше со директен воен конфликт меѓу двете најголеми светски сили била запрена буквално во последен момент, откако надлежните утврдиле дека вештачката интелигенција целосно ја утнала идентификацијата на товарот.
„Кога четботот ќе згреши во студентска семинарска работа, добивате слаба оценка. Но, кога вештачката интелигенција на Пентагон ќе халуцинира, светот се наоѓа на раб на војна.“
Идентитетот на конкретниот четбот што ја предизвика оваа паника се чува во строга тајност, а не е познато ниту што навистина превезувал кинескиот брод. Инцидентот доаѓа токму во период кога Пентагон забрзано ја форсира имплементацијата на вакви технологии во воените системи, што брутално ги вади на виделина катастрофалните ризици од слепата доверба во автоматизираните алатки кога станува збор за националната безбедност.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







