
Бил Гејтс се решил да организира јавен конкурс за нов шеф на Microsoft за Источна Европа. 5000 кандидати се собрале во една сала во силиконската долина. Меѓу нив и Трпе.
Бил на сите им се заблагодарил и им рекол сите оние кои не знаат ЈАВА програмски јазик да станат и да ја напуштат салата. 2000 луѓе излегле.
Трпе не ни знаел што е ЈАВА, ама си рекол „немам што да изгубам“ и останал.
Бил потоа побарал сите оние кои не управувале тим од барем 100 луѓе да ја напуштат салата.
Трпе си рекол: Ма јас не сум ни шеф ниту на жена ми, ама па што имам да изгубам?
2000 луѓе си заминале. Трпе останал.
Потоа Бил рекол сите оние кои немаат магистратура од област на менаџмент да напуштат.
Уште 500 излегле.
Трпе си рекол: јас имам завршено осмо одделение, па и тоа се важи шо, Источна Европа е во прашање!
Потоа Бил рекол дека централата ќе биде сместена во Таџикистан па сите они кои не зборуваат таџикистански да ја напуштат салата.
498 луѓе си отишле. Трпе си рекол: абер немам од таџикистански ама што можам да изгубам?!
И останал сам со уште еден кандидат.
Бил пришол па им рекол: Изгледа дека вие двајца сте единствени кои зборуваат таџикистански. Би сакал да ве чујам како разговарате на таџикистански.
Трпе мртов ладен се свртел кон другиот кандидат па го прашал: Хм, и ти брат како се викаш?
Другиот одговорил: Перо… братче само ти продолжи…
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








