во ,

Боже, мили, па каде беше цели седум дена?

Го немало Господ цела недела во рајот. Се појавува тој конечно, па Свети Петар го прашува:

– Боже, мили, па каде беше цели седум дена?

– Ех, Свети Петре, да видиш каква креација сум направил, чисто совршенство. Направив една планета, ја наполнив со мориња, но, за рамнотежа, ставив и планини.
Направив луѓе, мажи… Но, за рамнотежа, направив и жени. Ги направив да бидат добри, но, за рамнотежа направив да има и лоши. И на крајот, за мој мерак, сум направил едно мало парче земја, како рајот личи… поточиња жуборкаат, ливади се зеленеат, бистри езера и планински рекички, луѓе насмеани и весели, најубава храна им подарив, Македонија ја нареков… прекрасно, прекрасно…

– Па, добро, ама каде ти е тука рамнотежата?

– Какви соседи сум им наместил, да знаеш само…

Што мислиш?

25 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Девојката: Пушиш ли?

Секогаш тврдиш дека си подобар психијатар од мене. Ако можеш да убедиш тројца од овие туристи…