во ,

Браво бе деде имаш супер крвна слика, притисокот ти е ко на младич, добро се движиш…

Иде некој дедо 80 годишен на преглед и докторов му вика:

-Браво бе деде имаш супер крвна слика, притисокот ти е ко на младич, добро се движиш…како бе вака се одржуваш во кондиција?

-Абе види, станувам сабајле рано, ги пуштам тоа патките по дворот и ги бркам цел ден и така вежбам!

-Ех не е до тоа сигурно, од патки бркање не се чува здравјето, сигурно е нешто ген…кажи ми на колку години почина татко ти?

-Кој бе починал скраја да е…жив е човекот!

-Како бе жив?!?!? Колку години има?

-99

-Жити се, па он како се одржава?

-Исто бе исто, стануваме од сабајле ги пуштам патките и трчаме!

-Абе ти викам неможе од тоа да е…кажи ми дедо ти на колку години почина?

-Ти бе ненормален да не си? Какво умирање…супер си е дедо…120 години има!

-И ДЕДО ИМАШ??? Па добро бе и он ли трча по сабајле со вас?

-Па како, ама денес неможеше пошто ќе се жени па има обврски нешо…

-Ќе се жени?!?!?! Па добро бе што му текнало на 120 години да се жени жити се?

-Абе и он нејќе ама неговите го тераат…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

32 Најдобри верзии со познати личности од #DollyPartonChallenge

Сакам плата 20.000 денари…