во ,

Вдовец од Аргентина 4 децении садел шума во форма на гитара во чест на починатата сопруга

Пред 44 години, Педро Мартин Урета ја изгубил својата сакана сопруга, па во нејзина чест почнал да сади шума на неговата фарма, но во форма на нејзиниот омилен интрумент – гитара. Денес симболот за неговата љубов кон сопругата се гледа и на сателитски снимки.

Купи маица за 599 ден.

busted-maska-crna

Во 1970-тите, сопругата на Педро, Грациела, летала со авион над нивната фарма, кога забележала дека дел од земјиштето наликува на кофа. Кога си отишла дома, го прашала Педро дали е можно тој дел да го направат во форма на гитара – нејзиниот омилен инструмент. Во тој момент Педро не ја сфатил сериозно, па само ѝ рекол дека другпат ќе зборуваат за тоа.

За жал, младиот брачен пар никогаш немал можност за тоа. Во 1977 година Грациела ненадејно починала од аневризма на мозокот, и тоа додека била бремена. На денот на нејзината смрт, Грациела имала само 25 години.

Педро, скршен од тага, решил да ѝ оддаде почит на својата сакана со тоа што ќе ѝ ја исполни желбата. Па во 1979-та, со помош на неговите деца, почнал да сади дрвја на фармата во форма на гитара. Во текот на неколку децении, Педро и семејството посадиле 7.000 дрвја, па денес шумата во чест на Грациела е долга околу 500 метри.

Шумата што ја посадил Педро почнала да привлекува толку многу внимание, што дури и инженерите од НАСА направиле фотографија со еден од нивните сателити.

За жал, Педро уште ја нема видено неговата креација од воздух, бидејќи му е страв да лета со авион.

Многу години по смртта на Грциела, Педро повторно се вљубил и сега има друга сопруга, но неговата шума во форма на гитара, која можете да ја видите и на Google Maps, засекогаш ќе го потсетува на изгубената љубов.


Што мислиш?

28 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 Модни трикови кои Италијанките ги користат за да го шармираат целиот свет

17 Фотографии докажуваат дека честопати онлајн шопингот нема среќен крај