
Владата најавува дијалог со инфлуенсерите по реакциите за правилникот на АВМУ и дигиталната регулатива, со порака дека водичот е неформален и необврзувачки
Министерството за дигитална трансформација соопшти дека ја следи јавната дебата и сериозно ги зема предвид ставовите на дигиталните креатори, нагласувајќи дека развојот на дигиталната економија треба да се темели на јасни правила, правна сигурност и усогласување со европските стандарди. Во исто време, министерството тврди дека регулативата не смее да ја стесни слободата на говор, туку да придонесе за медиумски плурализам и одговорен онлајн простор
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Од таму потсетуваат дека регулаторната рамка произлегува од законските измени усвоени во 2023 година, поврзани со усогласување со европското законодавство и Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги, додека подзаконските документи биле донесени во 2025 година. Посебно се нагласува дека водичот на АВМУ за инфлуенсери е неформален документ со необврзувачка содржина и дека не произведува правен ефект
Министерството најави средби и консултативен процес со претставници на инфлуенсерите, АВМУ, медиумската заедница и експертската јавност, со цел да се разгледаат можности за појаснување или унапредување на подзаконските акти. Како принципи се посочуваат пропорционалност, јасни правила, европска практика на саморегулација и кодекси на однесување, како и заштита на јавниот интерес, транспарентноста кај комерцијалните содржини и заштита на малолетниците
Од кабинетот на министерот Стефан Андоновски порачуваат дека целта останува развој на конкурентен и одговорен дигитален простор, без мерки што би значеле намалување на слободата на говор или задирање во правата на граѓаните


