Влегува баба во автобус и му вели на кондуктерот:
– Јас немам пари, може ли едно јајце?
Кондуктерот:
– Може, влези бабо.
Вториот ден исто, третиот ден исто, а четвртиот ден доаѓа таа и прашува:
– Mоже ли едно јајце?
Кондуктерот:
– Па, немој бабо да носиш секој ден јајца, донеси нешто друго.
Следниот ден доаѓа бабата со кокошка во раката и вели:
– Месечна.